Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во полуфиналето од Лига купот откако буквално беше демолиран Вест Хем на Енфилд Роуд.

„Црвените“ триумфираа со 5-1, а четири од петте гола постигнаа во второто полувреме. Во првиот дел погоди само Собошлаи, а од 56. до 84. минута во листата на стрелците се запишаа уште два пати Џонс и по еднаш Гакпо и Салах. За Вест Хем стрелец беше Боуен.

Покрај Ливерпул, во полуфиналето од Лига купот ќе играат уште екипите на Челси, Мидлсброу и Фулам.