„Јас бев чуден играч. До 30-тата година практично не ни тренирав. Потоа почнав малку повеќе. Сепак, задоволен сум, немам за што да жалам. Во Италија освоив се што може да се освои по два пати. Сите велат дека сум можел повеќе но не можам да го вратам времето. А и да го вратам, не верувам дека нешто би менувал. Таков сум, одлучувам што ми се работи без оглед на последиците.
Лече ми е во одлично сеќавање. Имав неколку одлични тренери Земан, Де Роси, Спалети, Раниери, Монтела… Можеби ќе звучи чудно но најдобро се чувствував со Земан. На почетокот морав да го слушам, мене не ми беше мака да трчам но…
На пример игравме во недела, во понеделник бевме слободни, во вторник на тренинг сите трчаат освен јас. Земан ќе ме испратеше во теретана. Ми велеше: „Знам дека те боли коленото, оди повежбај во теретана“. Јас ќе отидам таму, ќе повежбав малку, потоа муабет на телефон и тоа е тоа. Но кога ќе дојде натпревар, јас ќе дадам гол, а тоа на него му беше најважно“, изјави Вучиниќ кој сега е во стручниот штаб на репрезентацијата на Црна Гора.