По цели 18 години, еден од капитените на Барселона, Серхио Роберто ќе го напушти клубот.
Според информациите на познатиот италијански експерт за трансфер пазарот, Фабрицио Романо, Роберто во наредните 24 часа ќе објави дека заминува од Каталонија.
Станува збор за фудбалер кој целата своја кариера ја помина во дресот на Барселона, но сега очигледно дојде време за разделба. Договорот на Роберто му истече на 1. јули и заминува откако не успеа да пронајде заеднички јазик со раководството на клубот.
Сега останува на Ханси Флик да одлучи кој ќе биде новиот капитен. Марк-Андре Тер Штеген е фаворит, но во игра се и Роналд Араухо, Френки де Јонг, Педри и Роберт Левандовски.
За Серхи Роберто, има многу опции за продолжување на неговата кариера и тој не би требало да има никакви проблеми да најде нов клуб. Тој наводно би сакал да се испроба во англиската Премиер лига, а меѓу опциите се Саудиска Арабија, МЛС, како и Фиорентина.
За Барселона одигра 373 натпревари во кои постигна 19 голови и подели 43 асистенции.