Македонскиот напаѓач Александар Трајковски беше стрелец за тимот на Хајдук против Локомотива, но избраниците на Џенаро Гатузо во самиот финиш од натпреварот останаа без победа. 

Трајковски во игра влезе во 58. минута на местото на Кровиновиќ, а на десетина минути пред крајот успеа да се запише во листата на стрелци. Изгледаше дека тој негов гол ќе биде доволен за триумф Хајдук, но сепак работите не се одвиваа така.

Ќоп длабоко во судиското продолжение од пенал ги разочара навивачите на Хајдук и донесе нови проблеми за Гатузо кој се мачеше и со дисциплината на една од најголемите ѕвезди во тимот, Иван Перишиќ.