Манчестер Јунајтед и Кристијано Роналдо вечерва го пречекуваат тимот на Реал Сосиедад во 1.коло од новата сезона во Лига Европа.
Откако не успеаја да се пласираат во ЛШ, великанот од Манчестер, мораше да се задоволи со второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување, Лига Европа.
Ова за Роналдо е специфична сезона, бидејки ќе го нема во ЛШ по цели 20 години. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, по скоро цели две децении, повторно ќе заигра во втората лига.
Последен пат Роналдо во ова натпреварување, играше во група со белградски Партизан, тогаш голобрадото 17 годишно момче го носеше дресот на Спортинг Лисабон, за по една сезона подоцна, да се пресели на Олд Трафорд.