Новиот италијански првак Наполи ја заокружи извонредната сезона со победа против бившиот шампион и финалист во ЛШ сезонава Интер, откако денеска на „Диего Марадона“ славеше со 3-1 во 36-то коло во Серија А.
Интер беше единствениот клуб што Наполи сезонава барем еднаш не го победи, во првиот меч во Милано, наполитанците загубија со 0-1, па сега имаа шанса за реванш и заокружување на една сезона за паметење, која на крај ја остварија со македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас кој како стартер играше до 69-та минута од мечот.
Џовани Ди Лоренцо со гол пет минути пред крајот и Џанлука Гаетано во 90+3-та минута ја обезбедија победата , откако Замбо Ангиса го отвори мечот во 67-та минута. Интер иако имаше играч помалку од 41-та со исклучувањето на Гаљардини, преку Ромелу Лукаку израмни во 82-та минута, три минути откако ВАР на Џовани Симеоне му поништи гол.
Елмас беше заменет од Џакомо Распадори при двојаната замена на Лучано Спалети на 21 минута пред крајот кога Симеоне влезе на место на Виктор Осимен. Со победата Наполи дојде до 86 бода, а Интер остана на 66 на третото место во тесната трка за место во ЛШ, но може и да го обезбеди ако утре според најавите Јувентус биде казнет со ново одземање на бодови и тоа 12.