Удинезе ја оствари 11-та победа оваа сезона во Серија А, откако вечерва на домашен терен ја совлада Сампдорија со 2-0 во 34. коло од првенството.
Переира по девет минути ја затресе мрежата на Сампдорија за водство од 1-0 на Удинезе, а водството го зголеми Масина во 34. минута кога го матира гостинскиот голман.
Македонскиот фудбалер Илија Несторовски го одигра цел меч за Удинезе и имаше важна улога на теренот, иако не запиша гол или асистенција.
Удинезе се наоѓа на делба на осмата позиција со Фиорентина со која имаат по 46 бодови.
Емполи во вториот меч вечерва славеше против Салернитана со 2-1.