Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспар , за Марка зборуваше за финансиската состојба во тој клуб, но се осврна и на темата за Килијан Мбапе.
Пред неколку дена германски „Билд“ пласираше ексклузива во која наведува дека Килијан Мбапе ги средил сите детали со Реал Мадрид и дека на лето ќе слета во шпанската престолнина како слободен играч, со плата од 25 мил. евра по сезона.
Се зборуваше дека се ќе биде откриено по дуелот на двата тима од осминафиналето во Лигата на шампионите, а француските медиуми пишуваа за можното доаѓање на Зинедин Зидан, што би го навело Мбапе да остане. Сепак, стигна уште една потврда која го поби тоа.
“Ќе ви дадам една ексклузива. Килијан Мбапе веќе потпиша за Реал Мадрид, сигурен сум. Го познавам многу добро Флорентино Перез и сигурен сум во тоа”, изјави поранешниот прв човек на Барса, Жоан Гаспар.
Попатно, тој зборуваше и за финансиската состојба во Барселона, велејќи дека „Блауграна“ има капацитет да се опорави, но дека моментално се во ќорсокак бидејќи се под постојана финансиска контрола.