Ненад Димитријевиќ повторно беше во главна улога во уште една победа на Уникс Казан оваа сезона. Македонскиот репрезентативец во самиот финиш ги реализираше двете слободни фрлања за конечни 79-76 на дуелот со Локомотив.
Со оваа победа на домашен терен, Уникс изедначи во финалната серија на 1-1 против Локомотив.
На крајот Нено Димитријевиќ постигна 17 поени, два скока, две асистенции, две загубени топки.
Уникс беше на работ на пораз, но се врати во последната четвртина и оствари важен триумф.