Фудбалерите на Наполи играат исклучително важен натпревар од Лига Европа на гости кај Спартак Москва, во кој влегоа речиси со стартна негатива, која брз можеше да биде анулирана ако нашиот Елиф Елмас имаше малку поголема среќа.
Русите поведоа уште во третата минута со голот на Соболев од пенал.
Елмас имаше шанса за изедначување. Одлично втрча во шеснаесетникот на противникот и изреагира во манир на расен голгетер, но два удари Александр Селиков чудесно ги одбрани.
Моменталниот резултат е 2:0 за домаќините.