Маркус Рашфорд продолжи да блеска во Премиерлигата, со нови два гола беше главна ѕвезда за убедлив триумф на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ со Лестер со 3-0 за да се зацврстат „црвените ѓаволи“ на третото место, на само два бода од првакот Манчестер сити кој е втор.
Рашфорд погоди во 25-та минута, по асистенција на Бруно Фернандеш, а 11 минути во вториот дел (56.) даде и втор гол на додавање на Фред, за Јунајтед практично да ја обезбеди победата. Точка стави Џејдон Санчо со втора асистенција на Фернандеш во 61-та минута за убедлива победа, но и загревање на англискиот великан за реваншот со Барселона во супердербито во Лига Европа после ремито 2-2 во четвртокот на „Камп Ноу“.
За Јунајтед ова беше 15-та победа и сега има 49 бода од 24 меча, додека градскиот ривал Сити е на 52 бода од исто толку мечеви. Лидерот Арсенал е на 54 бода, но има и меч помалку. Лестер, пак, го доживеа 13-от пораз и остана на 24 бода на 14-то место, четири повеќе, од првиот во опасната зона Вест Хем.