Фудбалерите на Милан успеаја дури во самиот финиш после пресврт да триумфираат над Њукасл со 2-1 на гостински терен и да продолжат во Лига Европа.

https://youtu.be/qhuvMOM8dkg

На „Сент Џејмс парк,“ Њукасл и Милан одиграа возбудлив натпревар, во кој голема победа од 1-2 (1-0) славеа италијанските росоњери како гостин, кој со овие три бода останува на европска сцена и како третопласиран патува во Лигата на Европа.

Жоелингтон со прекрасен гол во 33. минута донесе голема радост за домашните тифози, но сите надежи на Англичаните за останување во Лигата на шампионите паднаа во вода во 59. минута кога Пулишиќ погоди за 1-1. Во самиот финиш двете екипи ризикуваа, а нововлезениот Самуел Чуквуезе во самиот финиш ги шокираше „страчките“ и на својот тим му донесе пласман во Лига Европа.