Капитенот на македонската репрезентацоија Стефан Ристовски денеска запиша и прва асистенција во вториот дел од сезоната, а капитенот на „сините“ и вториот македонски репрезентативец Аријан Адеми даде гол во победата со 3-1 на гости кај Вараждин. Динамо на крилата на македонските репрезентативци продолжува со сигурен чекор кон одбрана на шампионската круна.
Ристовски имаше прекрасна асистенција за Лука Иванушец, по што Динамо поведе, а Иванушец додаде втор гол во 73-та минута, но Вараждин не се предаде и десет минути пред крајот преку Теклиќ го намали резултатот, ама за сигурен триумф погоди Аријан Адеми.
Капитенот на Динамо, влезе во игра во 80-та минута, па шест минути после влегувањето во игра даде гол на асистенција на Бруно Петковиќ за заверка на победата.
Од 72-та минута за Вараждин играше и бившиот младински македонски репрезентативец Димитар Митровски.
Динамо го забележа 16-от триумф сезонава и сега има 52 бода, повторно плус 11 пред Хајдук Сплит, кој игра денеска со Горица и сплиќани се апсолутни фаворити за триумф и да се вратат на минус осум од најголемиот ривал
Головите од пресметката во Вараждин, асистенцијата на Ристовски и погодокот на Адеми, може да ги погледнете ТУКА.