За фудбалерот на Салцбург, Бенџамин Шешко, сериозно е заинтересиран Манчестер Јунајтед, кој е подготвен да испрати понуда до австрискиот клуб.

Иако неговата вредност се проценува на некои 20 милиони евра, клубот од Австрија е подготвен да бара 65 милиони евра за неговиот потпис.

Шешко во летото 2019 година го напушти младинскиот погон на Домжале и од тогаш наваму неговата кариера бележи неверојатен пресврт односно напредок.

Сега е еден од најбараните играчи на Салцбург. Минатата сезона за Салцбург во 38 натпревари постигна 12 голови.

Но откако се појави шпекулацијата за Шешко и Јунајтед, на профилот на австрискиот клуб, се појави иронична порака дека бараат 300 милиони и Бруно Фернандеш, за да разговараат.