Партизан доживеа тежок кошмар во ЛШ. Со вкупен резултат 9-2, Динамо Киев го елиминира Партизан и го потврди својот пласман во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите.

 

Украинскиот гигант славеше и во Белград, со 3-0 користејќи го фактот што мечот се играше без публика поради казната што ја издржува Партизан. Јармоленко во првото полувреме го отвори резултатот, а во вториот дел погодија уште Ванат и Караваев за втор убедлив триумф на Динамо.

 

Екипата од Киев во следната фаза ќе се сретне со Ренџерс Глазгов, додека Партизан продолжува во квалификациите за Лигата Европа каде противник ќе му биде швајцарскиот Лугано.