Во текот на вториот сет Ѓоковиќ почувствува болки во коленото кое неодамна го оперираше, па мораше да добие медицинска помош и апчиња за да може да го продолжи мечот.
Полуфиналниот меч против Лоренцо Мусети е веќе денеска со почеток од 19 часот. Навивачите на Ѓоковиќ се надеваат дека нема да се повтори случајот од Ролан Гарос кога Новак се откажа поради болки во коленото.
Доцна синоќа Ѓоковиќ рече дека ќе игра, дури и ако докторите му речат дека не треба.
„Дури и ако докторот ми рече дека не е добро, веројатно ќе излезам на терен и ќе се обидам. Ова е многу ретка шанса, да се борам за медал за својата земја, затоа ќе направам се за да се опоравам и да се ставам во ситуација да освојам медал за Србија“, рече Ѓоковиќ.