Фриц посебно го мачеше Србинот во првиот сет, иако тргна со експресен бреј за најдобриот тенисер, но Американецот возврати и потоа се до завршницата се играше гем за гем, кога попушти и на крај Ѓоковиќ успеа со нов брејк да поведе на мечот.
Во вториот сет почна со по еден брејк, но српската ѕвезда додаде гас откако го освои својот прв сервис во овој сет, па направи нов брејк и на крајот успеа да победи и да закаже полуфинален двомеч со Хурберт Хуркач, десетиот тенисер на АТП, кој со 2-1 во сетови 6-2, 6-7, 7-5 победи во четвртфиналето против Џејмс Дакворт.
Мастерсот во Париз се игра за награден фонд од 2,6 милиони долари.