Само што доби повик за настап во нашата А-репрезентација, Валон Етеми постигна прекрасен гол за својата екипа Истанбулспор во турската втора лига. На денешниот меч со Менеменспор, Етеми го отвори резултатот во 33. минута, а подоцна неговиот тим замина на пауза и со 2:0.

Поради густата магла, средбата беше прекината во 62. минута.