Екипата на Лион славеше во дербито на колото во француската Лига 1 против Олимпик Марсеј со 1-0 (1-0). Натпреварот на „Олимпик Парк“ го одлучи единствениот гол на Александер Лаказет во финишот на првото полувреме. Со овој триумф Лион конечно се искачи над опасната зона на табелата, продлабочувајќи ја кризата на ривалот.
Марсеј повеќе ја имаше топката на овој натпревар, а имаше и неколку шанси преку Харит, Унахи и Обамејанг, меѓутоа не реализира. Момент на одлука беше во 37. минута кога Лаказет искористи една одбиена топка и го постигна победоносниот гол.
Со трите бода Лион се најде над позициите кои водат во Лига 2, има 19 бода, односно по три повеќе од Мец и Лориент и четири од последнопласираниот Клермон.
Во пладневниот термин Лил беше убедлив со Клермон (4-0), Лориент славеше кај Мец (1-2), Тулуз го доби Ремс со (2-3), а без голови одиграа Брест и Ница.