Интер ја оправда фаворитската улога и со победа кај Монца на гостински терен (1-5) остана на врвот на табелата во италијанската Серија А со истата бодовна предност во однос на Јувентус.

Со победата кај Монца, „нераѕурите“ го префрлија притисокот кај „бјанконерите“ кои утре пред својата публика играат со незгодниот Сасуоло. Интер на овој натпревар настапи со сите играчи, а победата ја донесоа најдобрите. Тоа се Хакан Чалханоглу и Лаутаро Мартинез. Турчинот во 12. минута од пенал донесе предност за тимот од Милано, а потоа се играше 14. минута кога Димарко го пронајде Лаутаро Мартинез а тој реализира за 0-2. Во 30. минута од првото полувреме Монца успеа да постигне гол преку Песина, но беше поништен со ВАР поради офсајд.

Во вториот дел, втор гол постигна Хакан Чалханоглу за 0-3. По мирниот период пред крајот на натпреварот, „нераѕурите“ дадоа уште два голови. Уште еднаш Интер доби пенал, а овојпат сигурен од 11 метри беше Лаутаро Мартинез, додека петтиот гол го постигна Маркус Турам.

За Интер ова беше шеснаесетта победа во 20 одиграни натпревари во Серија А. Монца, пак, го доживеа седмиот пораз.

https://twitter.com/i/status/1746285841104753020