Големото Баскиско дерби во рамките на 20.коло во Ла Лига му припадна на Атлетико Билбао, кој на свој терен со 2:1 стриумфираше против Реал Сосиедад. Во секој случај домашните беа подобри, посебно во првиот дел и сосема заслужено славеа победа и ова беше нивна четврта победа во серија. Па така сега Атлетик Билбао се наоѓа на третото место со 41 бод.
Се беше решено во првото полувреме кога Беренгуер со двата гола, во 30. и 42.минута стрелаше за убедливо водство, со тие 2:0 се замина и на пауза.
Во продолжението од средбата, Сосиедад успеа само да го намали резултат за конечни 2:1 восамиот финиш во 88.минута преку Ојарзабал.