Францускиот напаѓач Карим Бензема и пранешен голгетер на Реал Мадрид нема да ги одработи подготовките со Ал Итихад и сè погласни се шпекулациите дека ќе си замине од клубот од Саудиска Арабија.
Бензема веќе некое време има проблеми со навивачите, но и управата на тимот, а неодамна го напушти клубот без дозвола и така предизвика гнев кај раководството.
По барање на тренерот Марко Гаљардо, Бензема е отпишан и нема да биде дел од подготовките кои екипата ќе ги има во Дубаи.
Медиумите пишуваат дека Французинот пропуштил неколку тренинзи пред крајот на 2023 година, а засега не е познато каде би ја продолжил кариерата.
Искусниот голгетер оваа сезона настапи на 20 меча за Ал Итихад и постигна 12 голови и пет асистенции.