Роберто Манчини нема да биде задоволен од одлуката на Серија А , неговото барање за одложување на 30. коло не помина .
Италијанската фудбалска репрезентација има дополнителни квалификации за одење на Светското првенство. На 24 март ќе игра против Македонија, а победникот ќе игра против Турција или Португалија.
Италијанскиот селектор и претседателот на федерацијата Габриеле Гравина апелираше до Серија А да се одложи 30. коло кое е закажано само четири дена пред средбата со Македонија, но тоа не се случи.
Серија А го објави распоредот за 29. и 30. коло, а тој е според претходно утврдениот рок, што значи дека барањето од Федерацијата не помина.
Манчини веќе кажа дека одговорните немаат чувство за успехот на репрезентацијата во Серија А и истакна дека ќе биде разочаран доколку нема одложување.