Лацио освои големи три бодови кај Џенова (1-0) во 33. коло од италијанската Серија А, и се врати во трката за место во Лигата на шампиони.

Натпреварот донесе не така атрактивен фудбал со мал број на шанси на двете страни и само еден гол. На полувреме мрежите мируваа во Џенова, а по паузата фудбалерот кој што најави заминување по крајот на сезоната, Шпанецот Луис Алберто постигна гол за победа и ги постави конечните 0-1.

 

Шпанскиот ас пред една седмица ги шокираше фановите на Лацио со изјавата дека не сака да го продолжи престојот на „Олимпико“ и го постигна својот петти овосезонски погодок во Серија А, а асистент на истиот беше Камада.

Во следното коло Лацио на својот стадион ќе го пречека тимот на Верона, додека Џенова ќе се сретне со Каљари.

Гостите од Рим беа подобар тим на теренот и се заканија дури 13 пати кон голот на Џенова.

„Небесно-сините“ во моментов се на шестата позиција со 52 освоени бодови, односно три помалку од Рома.