Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси вечерва со нова мајсторија и тоа со надворешно ефе постигна  гол за да му донесе предност на Пари Сен Жермен во пресметката со Макаби Хаифа на „Паркот на принцовите“.

Вистинска уметност се ваквите голови, а Меси само уште еднаш и по кој знае кој пат покажува каков фудбалски велемајстор е.