По првата победа во овој циклус, на гости кај Гибралтар, македонските репрезентативци земаат залет за нови три бода, со кои би го освоиле врвот во нашата група 4. Противникот е познат и буди пријатни спомени, бидејќи токму против грузијците, на 12 ноември 2020 година остваривме историска победа за пласман на ЕУРО 2020.
Трајковски предупредува дека ги очекува тежок натпревар од 20.45 часот, на кој мора да прикажат самодоверба и борба за секоја топка, ако сакаат да стигнат до планираната победа.
„Ова ќе биде еден од важните натпревари за македонската репрезентација. Треба да бидеме на наше највисоко ниво за да го добиеме. Играме пред наша публика и се надевам дека тоа ќе ни биде дополнителна мотивација. Нема да биде воопшто лесен натпревар, Грузија е квалитетен противник и се разбира дека има свои амбиции за првото место во групата. Само со нашиот препознатлив тимски дух, самодоверба и борба за секоја топка можеме да ја постигнеме целта“, изјави Трајковски, кој има 78 натпревари и 20 гола во националниот дрес.
Тој остана на клупата во историската победа во Тбилиси, исто како и на единствениот домашен меч против Грузија, кога одигравме 1-1. Грузијците не успеаја да ја совладаат Македонија и кога беа домаќини, во август 2020, резултатот и тогаш беше 1-1. Меѓутоа, покажаа дека сега се во одлична форма, триумфирајќи со 5-2 на гости кај Бугарија и со 4-0 дома со Гибралтар.
Сепак, магијата која ја создава македонската публика, со своите херои на теренот многу пати досега се покажала несовладлива енигма за противниците, а Видеолотарија Касинос Австрија, како верен партнер на фудбалската репрезентација на Македонија верува во нова победа.