Денешниот број на Дејли Меил, објавува дека тимот на Ливерпул во јануарскиот преоден рок ќе инсистира на доведување на во моментов играчот на Реал Мадрид, Едуард Камавинга.
Тој во Мадрид пристигна летоска, за 40 милиони евра, но не се најде во прдене план пред се поради одличните партии на Лука Модриќ. Французинот беше доведен како негова замена, но никој не претпостави дека Модриќ сезонава ќе ја одигра на највисоко ниво, и дека ќе биде во врвна форма. Па така, иако му било ветено на Камавинга при трансферот дека ќе има полна минутажа тој на моменти не е ниту во составот.
Фрустриран од стиуацијата, Камавинга побарал решение за истата, а тука се појавува Ливерпул кој првично имал жекба да го доведе уште од Рен, а сега ќе излезе во пресрет и ќе го позајми.