Голманот на холандската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, Барт Вербруген, е една од ѕвездите на младинското Европско првенство.

Вербруген, има 21 година, го брани голот на Андерлехт, но можно е уште летово да замине во Премиер лигата, интерес за него има од Манчестер јунајтед, Барнли и Брајтон. Сон му е да брани во Англија и тој сон може да му се оствари наскоро.

Вербруген ја спаси Холандија од пораз против Португалија со една мајсторска одбрана.

https://twitter.com/UEFAUnder21/status/1672564818216357891?s=20

И на клупски план, тој блеска меѓу стативите. Во февруари годинава одбрани три пенали против Лудогорец и стана првиот голман по 35 години кому му успеало тоа во една пенал-серија во европски купови. Правеше чуда и на гостувањето кај Вилјареал, а интересно е што сака да игра со топка, има просек од 37 додавања на меч со 98 отсто прецизност.

Беше прогласен за играч на годината во Андерлехт, погледнете некои од неговите одбрани: