На европското првенство во конкуренција до 21 година, Чешка постигна гол што ретко се гледа и на многу повисоки нивоа.
По поразот од Англија, на младинското ЕП, Чешка одигра одличен натпревар, и успеа да ја изненади Германија (2-1) и да дојде на чекор до пласман во четвртфиналето.
Првиот гол на натпреварот беше брилијантен, како од фудбалски учебник. По еден корнер на Германците, младите Чеси тргнаа во контра и фудбалски ја одиграа цела акција, која на крај со гол ја круниса Сејк за 1-0.
https://twitter.com/UEFAUnder21/status/1673292525560377345?s=20
На крај натпреварот го реши стоперот Мартин Витик во 87. минута, па Германците сега се на прагот на елиминација.