„Еурохупс“, пак, пишува дека поранешниот капитен на Партизан потпишал двегодишен договор со Барселона, кој ќе чини шест милиони евра, од кои 3.200.000 за кошаркарот. Таа понуда е подобра од онаа што Панатинаикос му ја подготви на Американецот, иако неодамна се зборуваше и пишуваше дека грчкиот тим е најблиску до потпис со играчот кој пред само неколку дена стана МВП на финалната серија на АБА лигата.
ПAO не беше единствениот заинтересиран клуб – во понеделникот пристигна вест дека за Пантер е заинтересиран и Реал, но потоа Барселона тргна во офанзива. Се чини дека сè е завршено многу брзо и Пантер се сели во Каталонија.
Веста за потписот на Кевин Пантер дојде само неколку часа откако Барселона претрпе огромна промена на клупата. Шарунас Јасикевичиус си заминува, а тимот во наредниот период ќе го предводи поранешниот шпански репрезентативец Роже Гримау.