Група Ц на КОНКАКАФ Голд Купот што се одржува во Соединетите Американски Држави и Канада донесе нови изненадувања. Мартиник го победи Ел Салвадор со 2-1 и направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето. Костарика има подобар рејтинг од Панама, но „кројачите“ повторно зададоа удар и победија по шести пат во последните осум натпревари.
Со головите на Бурнер и Форчн, Мартиник по само 16 минути игра поведе со 2-0, а Ел Салвадор дури во последната минута од судиското надополнување успеа да намали на 2-1, иако речиси цело второ полувреме го играше со играч повеќе, а Енрикез промаши пенал во 83. минута.
Панама уште еднаш ѝ одржа лекција на Костарика. Беше подобар ривал на теренот, Фајардо и Барсенас донесоа предност од 2-0, која можеше да биде и поубедлива, а невнимателноста во самиот финиш се претвори во минимален триумф (2-1).