Јувентус објави дека за 12 милиони евра од француски Лил го купила Тимоти Веа (23 години), синот на некогашната голема ѕвезда на Милан, Жорж Веа, кој до врв ги полнеше мрежите во деведесетите години од минатиот век во дресот на „росонерите“.
За разлика од неговиот татко кој беше репрезентативец на Либерија, Веа јуниор настапува за САД каде што и ја почна фудбалската кариера. Досега играше за ПСЖ и Селтик, а во Лил е од 2019 година. Со овој тим дојде и до шампионската титула во Франција во предминатата сезона, а во минатата на 32 средби имаше две асистенции. Тој игра на позициите десен и лев бек, а може да „покрие“ и на позицијата десно крило. За САД има 29 настапи со четири постигнати погодоци.
Веа сениор, пак, играше за Милан во периодот помеѓу 1995 и 2000 година, а уште во првата сезона на „Сан Сиро“ дојде до „Златната топка“ како најдобар стрелец во Европа. Тој во моментов е претседател на Либерија.