Некогашната фудбалска ѕвезда Кларенс Сидорф го направи најдобриот потег, на хуманитарниот натпревар кој се одигра во Лондон. Дуелот го организираа Андриј Шевченко и Олександер Зинченко, како дел од поддршката за Украина, а на крајот резултатот беше 2:2.

Во 41 минута, Сидорф доби една топка на околу 20 метри и со прецизен силен шут го матираше легендарниот германски голман Јенс Леман, за воодушевување на трибините.

На теренот се најдоа некогашни ѕвезди од калибарот на Андриј Шевченко, Дарио Срна, Самуел Ето, Клод Макалеле, Џанфранко Зола, Рио Фердинанд, Џо Кол…

https://twitter.com/SkyFootball/status/1687917914135908352?s=20