Екатерине Горгазде од Грузија и Катарина Хобгарски од Германија не беа конкуренција на третите носителки, кои за 64 минути ја решија пресметката со 6-2, 6-4.
Ова е втор освоен пехар во 2023 за Ѓорческа, по оној во Сплит, исто така во двојки и 47. во кариерата. Исто така, ова е само втор турнир од W60 категоријата на кој освоила пехар, откако во 2019 се радуваше исто така во Хехинген. Во сингл има 12 титули, но последната датира од лани.
Тоа може да се смени следната недела, кога ќе се натпреварува на фјучерс турнирот во Осиек, вреден 25.000 долари и ќе биде прва носителка.