Ал Ахли, клубот за кој настапува нашиот Езгјан Алиоски во преодниот рок се обидува да ангажира што повеќе фудбалери од европските клубови.

Соиграчи на Алиоски станаа Фирмино, Марез, Сент-Максимин и Менди, а следен кој ќе потпише за Ал Ахли е Френк Кеси од Барселона.

Барселона и Ал Ахли ги потпишуваат документите, фудбалерот денеска треба да има медицински тестови во Париз, по кои ќе се упати кон Саудиска Арабија и ќе го потпише договорот.

Ал Ахли води завршни преговори со Рома за ангажман на Роџер Ибањез. Личните услови со бразилскиот дефанзивец веќе се договорени.

Саудискиот клуб испрати формална понуда до Наполи за Пјотр Зиелински кој има договор со италијанскиот шампион до јуни 2024 година.

Ал Ахли сака брз одговор од Наполи, во спротивно ќе се пренасочи кон друга цел.