Јувентус во летниот преоден рок ќе бара засилување на средниот ред. Алегри не е задоволен од линијата за врска и планира да направи големи промени, а на излезна врата се Артур и Рабио.

Прва цел на „старата дама“, како што најавуваат италијанските медиуми, во летниот преоден рок ќе биде играчот за врска на Монако, Аурелиен Чуамени.

Јувентус сака да ја победи конкуренцијата, а Монако за него бара 60 милиони евра. Во трката за одличниот играч за врска се и Челси, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.