Рускиот клуб Краснодар се соочи со масовно заминување на странските фудбалери по руската инвазија над Украина. Клубот веќе го напушти германскиот тренер Даниел Фарке, а на осум фудбалери Краснодар им дозволил да ги раскинат договорите и да ја напуштат Русија.
Реми Кабела веќе се врати во Франција и тренира со Монпелје. Од клубот си заминаа и Гжегорж Криховјак, Џон Кордоба, Ерик Ботхејм, Кристијан Рамирез, Каио, Вандеросн, Виктор Клаесон и Жуниор Алонсо.
Само двајца странци остануваат во Краснодар, Ерменецот Едуард Спертсјан и Белорусинот Александар Матинович.