Македонката Катерина Ацевска денес го освои сребрениот медал на Европското првенство (ЕП) во Питешти (Романија), откако во категоријата над 70 килограми за натпреварувачки до 21 година загуби во финалната борба против Германката Сандер Лота.
Таа и во групната фаза загуби од оваа противничка, но беше подобра од Дијана Скрипнуик (Украина) по што обезбеди пласман во полуфиналето, каде што ја совлада Французинката Жаде Сеел. Ацевска е и одлична џудистка, за што доказ е и неодамнешното петто место од младинското ЕП во овој спорт.
На ова првенство настапуваат повеќе од 1.000 натпреварувачи во џиу-џицу од 29 држави на возраст од 16 до 21 година во машка и женска конкуренција.