Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се разбудија по катастрофалното прво полувреме во дербито против Ливерпул во рамките на Премиер Лигата. Навивачите на „Олд Трафорд“ беа незадоволни од своите миленици поради апсолутно инфериорното прво полувреме, а потоа видоа и две атракции во режија на Бруно Фернандеш и Коби Мејно.
Новата млада ѕвезда на „црвените ѓаволи“ изведе мајсторија, бидејќи даде страшен гол против големиот ривал.