Дербито на англиските гиганти ги оправдува очекувањата, слично како во ФА Купот минатиот месец. Откако лидерот Ливерпул поведе со голот на Луис Диаз, на почетокот на вториот дел Манчестер Јунајтед возврати.
Португалецот Бруно Фернандеш како да се специјализира за супер-голови. Тој ја искористи грешката на Квансах и забележа дека Келехер го напушти својот гол и го лобува од преку 40 метри (1-1).
Во четвртфиналето на ФА Купот, Јунајтед го елиминира Ливерпул со 4-3, а во првото соочување за бодови двете екипи играа 0-0 на „Енфилд роуд.