Фудбалерите на Челси само три дена по блескавата победа на домашен терен против Манчестер Јунајтед (4-3) со два голови во седмата и осмата минута од судиското надополнување им приредија непријатно изненадување на своите навивачи откако само ремизираа на гостувањето кај веќе речиси отпишаниот Шефилд Јунајтед (2-2).
Составот од Лондон двапати водеше, но не успеа да издржи и прими втор гол во 93. минута од натпреварот. Тијаго Силва им донесе водство на гостите со гол во 11. минута, но жилавиот домаќин изедначи со погодокот на Богл во 32. минута. Мадуеке во 66. минута повторно му донесе предност на фаворитот, но Мекбурни пред самиот крај му донесе бод на Шефилд кој не му значи апсолутно ништо во борбата за опстанок.