Тен Хаг не направи промени во почетниот состав, кој го совлада Вулверхемптон во првото коло со 1-0, но тимот не функционираше и покрај отворената игра во првото полувреме. Во второто Тотенхем се покажа поконкретен и поведе со првиот гол во белиот дрес за Сар, по само четири минути.
Тен Хаг направи тројна замена во 66. минута, внесувајќи ги Санчо, Далот и Ериксен, но и тоа ништо не донесе. Наместо изедначување, Дејвис постигна гол за 2-0 и ги откажа „ѓаволите“.