Арсенал за седум дена претрпе болни порази од Астон Вила и Баерн Минхен, па Микел Артета натпреварот против Вулверхемптон го означи како вистинско финале.

Тимот од Северен Лондон беше пред императив да освои три бода по секоја цена, а најдобра вест за Артета е што неговите фудбалери одговорија позитивно и не ја продлабочија негативната мини серија.
 Арсенал на „Молину“ уште  во раната фаза на мечот создаде неколку шанси за водство, а се заканија и „волците“ кои ја погодија стативата.

Пред полувремето Белгиецот Тросар постигна среќен гол и покрај тоа што доста лошо ја зафати топката, но овој гол симна голем товар од играчите на Арсенал.

 

 

Гостите го контролираа натпреварот во вторите 45 минути и се обидуваа да го решат мечот со втор гол, а успеаја дури во судиското продолжение кога Одегард ги постави конечните 0:2.

Со оглед на тоа што Сити играше во ФА Купот, новите три бода значат дека Арсенал се враќа на врвот на табелата во Премиер лигата, каде сега има бод повеќе, но и натпревар повеќе од актуелниот шампион.

Головите погледнете ги ТУКА