ПСЖ бара начин како да го откачи контроверзниот Икарди од тимот, откако во минатата сезона не доби премногу шанса, даде само пет гола, а во ситуација кога клубот ги има Нејмар, Лео Меси и Килијан Мбапе, центарфорот е непотребен и само големо оптоварување на буџетот.
Поради тоа, парижаните веќе побарале од најмоќниот менаџер Жорге Мендеш да го однесе Икарди во Вулверхемптон, клуб зад кој стои португалскиот менаџер и голем дел од своите клиенти играат во овој премиерлигаш. ПСЖ сака да го откачи Икарди, зашто сега има приоритет како напаѓач да го донесе Џанлука Скамака, италијанскиот репрезентативец од Сасуоло.
Икарди пред да дојде во ПСЖ во 2020 година имаше 129 гола на 219 меча, а сега има 200.000 евра неделна плата и тоа може да биде проблематично за „волците“, но и прашање е дали Икарди ќе сака да игра во Вулверхемптон, а за сѐ се прашува неговата сопруга, Ванда Нара.