Бразилецот со шпански пасош, напаѓачот Диего Коста, спогодбено го раскина договорот со бразилскиот клуб Атлетико Минеиро. Сега повторно е слободен агент, а веднаш се поврзува со можноста да го засили премиерлигашот Њукасл кој бара нови засилувања во битката за опстанок во елитата.

Диего Коста се приклучи на Атлетико Минеиро и играше во тандем со Хулк, а помошта беше неверојатно добра, па од соработката излезе и освојување на шампионската титула. Тој постигна пет гола на 19 натпревари.

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид и на Челси сега повторно ќе биде еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, со оглед дека би пристигнал без отштета

.