Актуелниот италијански првак Наполи им приреди уште едно непријатно изненадување на своите фанови и загуби со минимални 1-0 на гостувањето кај Емполи.
Домаќините рано стигнааа до предност и ги израдуваа своите навивачи. Го отворија резултатот уште во четвртата минута преку Алберто Чери, кој прецизно шутираше со глава и донесе предност од 1-0. Виктор Осимен имаше две солидни прилики бргу да го израмни резултатот, но изостана реализацијата и по првите 45 минути Емполи го задржа минималното водство (1-0).
Наполи скоро комплетно ја презеде иницијативата во второто полувреме, имаше посед од над 75%, но никако не успеваше да создаде изгледна прилика за погодок. Наполитанците се заканија само уште еднаш во рамките на голот, па поразот на крајот беше неизбежен и Емполи победи со 1-0.
За Наполи ова беше десетти пораз сезонава и останува на 49 бода, додека Емполи направи голем исчекор кон обезбедување опстанок во елитата и сега со 31 бод е на 15. позиција на табелата.