Прва цел во летниот преоден рок на Реал Мадрид ќе биде Џуд Белингем, но доколку не успеат да дојдат до неговиот потпис, ќе тргнат по Енцо Фернандез од Бенфика.
Сериозна е трката за англискиот репрезентативец Џуд Белингем, кој во летниот преоден рок ќе ја напушти екипата на Борусија Дортмунд.
Во трка по неговите услуги се сите гиганти од Премиерлигата плус Реал Мадрид. Големиот интерес може да ја зголеми цената која секако нема да биде под 100 милиони евра.
„Марка“ тврди дека доколку Реал Мадрид не успее да ја добие трката за Белингем, ќе тргнат по Енцо Фернандез од Бенфика.
21-годишниот Аргентинец постигна гол на ова Светско првенство, вториот за неговата земја против Мексико. Со тој погодок го навлече интересот на себе.