Серхио Рамос со години ги бранеше боите на Реал Мадрид, но од летово настапува за ПСЖ.
По волја на ждрепката, ПСЖ ќе игра против Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите, а искусниот дефанзивец е голем професионалец и нема да го поштеди својот поранешен тим.
„Ќе умрам со ПСЖ на натпреварот против Реал Мадрид“, изјави 35-годишниот дефанзивец, кој во дресот на Реал Мадрид во 16 сезони освои 22 трофеи, од кои четири во Лигата на шампионите.
„Судбината е непредвидлива. Би сакал да видам друг тим. Знаете колку го сакам Реал Мадрид. Но сега играм за друг тим, ги бранам боите на ПСЖ и ќе дадам се од себе за да поминеме понатаму. Ова е тимот кој ми ја даде довербата и морам да ја оправдам“, додаде Шпанецот.
Откако се повтори ждрепката, Кралевите добија далеку потежок ривал. Се жалеа, но залудно. ПСЖ, пак, претходно падна против Манчестер Јунајтед.