Баерн Минхен врза три нерешени средби во Бундес – лигата, што беше доволно за да излезе „валканиот веш“ од соблекувалната.
Германските медиуми „Кикер“ и „Билд’ изнесоа информација за моменталната ситуација во соблекувалната на Баерн, која воопшто не е иделна.
„Кикер“ тврди дека неименуван играч од соблекувалната рекол дека тимот почувствувал дека Баерн ја изгубил контролата на мечот со Штутгарт и им го предал на ривалите и дека играчите имаат многу прашања и неизвесности поради тактиката на Нагелсман.
Во исто време Билд пишува дека некои играчи сметаат дека Нагелсман треба да ги преиспита своите тактички замисли. На тимот му пречи тоа што тренерот никогаш не е самокритичен во јавноста и не презема одговорност по лошите резултати, како што беше случајот во саботата, кога повторно ја префрли вината на играчите.
Нагелсман го коментираше и Хасан Салихамиџиќ, а фановите добија впечаток дека тој не го поддржува целосно, туку дека фрлил „отровна стрела“ кон него.
„Џулијан се уште го бара својот стил. Никогаш досега немал на располагање ваков тим. Многу зборува со играчите и мора да биде ист кон сите. Нормално е што повеќе разговара со челниците на тимот, но мора и со сите други, бидејќи не е лесно кога имаш толку многу играчи во тимот кои сакаат да играат. Ние сме Баерн Минхен“, изјави Салихамиџиќ.
Тој го коментираше и најлошиот старт на сезоната по 12 години.
„Не почнавме добро. Мислам дека испуштивме четири бода. Можете да ремизирате со Унион во Берлин, каде атмосферата беше пеколна, но моравме да ги победиме Борусија Менхенгладбах и Штутгарт на домашен терен“, изјави Салихамиџиќ.
Тука навистина не завршува приказната на Кикер за „неименуваниот извор“ од соблекувалната па ги разбуди духовите од минатото. Имено, кога Пеп Гвардиола дојде на клупата, тој тврдеше дека во тимот има „крт“ што сака што побрзо да го избрка од тимот.
„Немам време да истражувам кој е кртот. Не ми е гајле кој е, само сакам да го напушти мојот тим. Ако дознаам, тој никогаш повеќе нема да игра за мене“, изјави Пеп Гвардиола на неговиот почеток во Баерн во есента 2013 година.
Од тој тим на Пеп сега кај Нагелсман има само двајца членови, Мануел Нојер и Томас Милер.