Со головите на Лозано и Жиелински, Наполи ја продолжи доминацијата во Серија А. Лидерот на табелата славеше со 2:0 над Емполи и ја оствари 12-тата победа сезонава, во која засега се уште не знае за пораз.
По тврдото прво полувреме во кое немаше голови, одлуката падна во вторите 45 минути. Најпрво Лозано успеа да го реализира пеналот во 69. минута, а потоа Жиелински во 88. минута стави печат на новата победа.
Нашиот репрезентатвец Елиф Елмас мечот го почна од клупата и доби шанса да ги одигра последните 30-тина минути од мечот. Практично по неговото влегување во игра, стигнаа и головите за победа на домашните.
Во вториот меч, Специја и Удинезе одиграа без победник 1:1. Несторовски почна од клупата и доби шанса само во последните 10-тина минути од мечот.